Top Sport

Со „невидливи“ одлуки Зидан го нашол идеалниот тим

Можеби не забележавте но тренерот на Реал Зинедин Зидан изминатите недели тивко и смирено ја најде својата идеална постава.

Изминатите недели Зидан не носел радикални одлуки, но со неколку мали промени го сменил изгледот на стартната постава. Тимот што настапи против Леганес е истиот тим то забележа значајна победа над Галатасарај во Лигата на шампионите.

„Во оваа формација на Зидан 4-3-3 нема место за Лука Модриќ и Герет Бејл, а од ротацијата испадна и Винисиус Жуниор“, пишува „Марка“.

Во коментарот на весникот кој традиционално му е наклонет на Реал се вели дека Марсело ја зацврстил својата позиција на позицијата лев бек во однос на засилувањето Ферлан Менди, а дека 18 годишниот Бразилец Родриго покажал дека поседува квалитет и дека ја искористил шансата што му ја пруужил Зидан.

Кога станува збор за Модриќ, тој неодамна се рехабилитираше од повредата, а на неговото место игра Уругваецот Феде Валверде. За овој играч „Марка“ пишува дека е тивок и ненаметлив на теренот но дека секогаш добро и извршува задачите.

Тимот што го форсира Зидан во последните неколку натпревари изгледа вака: Куртоа – Карвахај, Варан, Рамос, Марсело – Каземиро, Валверде, Крос – Родриго, Азар, Бензема.

Scroll to Top