Тренерот на Антверпен, Марк ван Бомел бил нападнат од човек вооружен со пиштол, кој не барал пари, туку да му даде договор со белгискиот тим во октомври, открива белгиското обвинителство.
Џамалех Хабан Н. му пришол на поранешниот холандски репрезентативец на паркинг во октомври, и не бил заинтересиран за неговиот автомобил „Порше Панамера“, ниту скапиот часовник, туку фудбалски договор. Тој поставил тракер под неговиот автомобил, по што му се заканил со пиштол, а Ван Бомел успеал да избега. Истрагата покажала дека Хабан, кој тврди дека има 17 години, всушност има 25 години. Тој потоа му пратил порака на арапски: „Слушај Марк, животот на твоето семеејство зависи од ова, пушти ме да станам професионален фудбалер. Не оди во полиција, ќе те убиеме тебе и твоето семејство, знаеме кај живееш“.
Ван Бомел бара 5.000 евра отштета, додека белгиското обвинителство бара 5-годишна казна затвор. Инаку, Ван Бомел се покажа како одличен тренер и со Антверпен е на чекор да ја освои белгиската титула првпат од 1957 година.