Аргентинскиот фудбалер, Серхио Агуеро, поради здравствени проблеми ја заврши професионалната кариера. Агуеро ова го објави на прес конференција организирана од страна на неговиот клуб, Барселона.
Агуеро, се пожали на проблеми со дишењето, на 30.октомври, во текот на натпреварот со Алавес. Деталните прегледи открија дека тој има срцева аритмија. По препорака на лекарите ја заврши кариерата.
„Здравјето секогаш е на првото место. Медицинскиот тим ми препорача да ја завршам кариерата. Ова е тежок момент за мене, но среќен сум што ја донесов оваа одлука. Ја напуштам Барселона, ставам крај на кариерата“, рече Агуеро.
„Горд сум на мојата кариера. Од петгодишна возраст сонував дека ќе играм фудбал. Сакам да им се заблагодарам на Индепендиенте, на Атлетико Мадрид кој ме доенсе на 18-годишна возраст, на луѓето од Сити кои знаат како се чувствувам и секако на Барселона. Знаев дека доаѓам во еден од најдобрите клубови во светот. Им благодарам на сите во репрезентацијата на Аргентина, која ја сакав најмногу. Им благодарам на соиграчите кои ми помогнаа да напредувам. Им благодарам на навивачите. Заминувам со крената глава, среќен. Не знам што ме чека во животот, но знам дека околу мене се луѓе кои ме сакаат“.
Агуеро во кариерата настапувал за Индепендиенте, Атлетико Мадрид, Манчестер сити и Барселона. Во кариерата одиграл 663 натпревари, постигнал 379 голови и забележал 118 асистенции. Со 260 голови тој е најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити.
Кариерата му е облежена со торофеи. Лига Европа и Суперкупот на УЕФА ги освои со Атлетико. Како играч на Сити, пет пати ја освил Премиер лигата, шест пати Лига купот, еднаш ФА купот и три пати Супер купот на Англија (Комјунити шилд).
Минатото лето со Аргентина ја освои Копа Америка, а во 2008 година бил олимписки шампион. Дресот на Аргентина го носел на 101 натпревар, постигнал 41 гол.
"I have decided to stop playing football."
— @aguerosergiokun pic.twitter.com/kVpislPA9K
— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 15, 2021