Top Sport

Со триумф на Крафт започна турнејата Четири скокалници

Австрискиот репрезентативец Штефан Крафт победи на првиот од четирите натпревари на новогодишната турнеја „Четири скокалници“ што се одржа во неделата во Оберстдорф, Германија. Крафт трет пат во кариерата победи на првиот натпревар на Новогодишната турнеја.

Австриецот со скокови од 138 и 135,5 метри и 335,1 поен ја забележа 44-та победа во Светскиот куп.

Австријците доминира во првиот натпревар ги освоија првите три места. Зад Крафт се пласираа Јан Хоерл (134,5 и 135 м.) и Даниел Чофениг (131 и 140,5 м).

Четвртото место му припадна на лидерот во Светскиот куп, домашниот миленик Пиус Пашке (138 и 133,5 м.)

Ски скокачите сега ќе се преселат во Гармиш-Партенкирхен.

Scroll to Top