Top Sport

Соиграч на Дарко Чурлинов играл со лажен идентитет

Силас Вамангитука, напаѓач на Штутгарт, на клупските челници им открил дека бил измамен од својот менаџер и дека неговото презиме не е Вамангитука. Дресот на Штутгарт го носи македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Фудбалскиот клуб Штутгарт, во вторникот, објави соопштение со кое ја информира јавноста дека Силас Вамангитука е Силас Катомпа Мвумпа и дека е роден на 6.октомври во Киншаса, ДР Конго. Тоа значи дека фудбалерот е една година постар од она што претходно му било презентирано на клубот.

Лажниот идентитет, според фудбалерот, го измислил поранешниот негов менаџер, кога имал 19 години. Со лажен идентитет менаџерот издејствувал трансфер во ФК Париз.

Во Штитгарт веруваат дека измамата менаџерот ја направил за да ги раскине врските помеѓу фудбалерот и неговиот матичен клуб од ДР Конго, со цел ФК Париз да платат обесштетување.

Штутгарт за целиот случај ја известил Фудбалската федерација на Германија и Бундес лигата. Клубот се надева дека Силас ќе добие нова лиценца и дека од наредната сезона ќе започне да игра под својот вистински идентитет.

„Изминатите неколку години живеев во страв. Бев загрижен за семејството во Конго. Тешко ми беше кога ја открив целата приказна“, рекол Силас.

Фудбалерот на Штутгарт им се приклучил во 2019 година.

Scroll to Top