Top Sport

Соиграч на Меси и Суарез се пресели во Брајтон

Поранешниот фудбалер на Интер Мајами, Диего Гомеш потпиша договор со членот на Премиер лигата, Брајтон.

Трансферот на Гомеш во Брајтон ќе биде реализиран на 1 јануари, кога започнува преодниот рок, објави клубот на социјалните мрежи.

Брајтон не ја објави вредноста на трансферот, додека познатиот инсајдер Фабрицио Романо напиша дека станува збор за сума од 15 милиони долари, плус бонуси.

Гомеш (21) запиша шест гола и седум асистенции за Интер Мајами во неодамна завршената сезона во МЛС.

За репрезентацијата на Парагвај одигра и 12 натпревари, а во септември годинава го постигна првиот гол за својата земја на мечот против Бразил.

Парагвајскиот играч за врска беше соиграч на Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Џорди Алба во Интер Мајами.

Scroll to Top