Top Sport

Соиграч на Несторовски се сели во Атлетико за 35 милиони евра

Аргентинскиот фудбалр од средниот ред, Родриго де Пол го напушта Удинезе и за 35 милиони евра се сели во редовите на Атлетико Мадрид.

Соиграчот на македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски вчера ја освои Копа Америка со „гаучосите“, а тој беше асистент на голот за титула што го постигна Ди Марија во финалето во Рио против Бразил.

Минатата сезона за тимот од Удине Де Пол постигна 9 гола, а имаше уште толку асистенции.

Аргентинецот потпиша петгодишен договор со „јорганџиите“ благодарение на инсистирањето на тренерот Диего Симеоне.

Де Пол ова лето беше на мета на Јувентус и Лидс, а во Удинезе дојде во 2016 година, за отштета од 3 милиони евра од Валенсија.

Scroll to Top