Фудбалскиот клуб Милан, во летниот преоден рок ќе се обиде да се засили со соиграч на Горан Пандев. „Мундо депортиво“, тврди дека спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини подготвил понудата за фудбалерот на Парма, Адриан Бернабе.
Бернабе има 20 години, бил во школата на Барселона, а во 2018 година потпишал договор со Манчестер сити. По три години тој се пресели во Парма. ваа сезона игра во голема форма.
Милан на Парма ќе и понуди 10.000.000 евра за овој фудбалер.
Адриан Бернабе има договор со Парма до јули 2024 година. Сезонава настапил на 13 натпревари, постигнал пет гола.
#Milan, come detto, pronto ad una prima offerta al #Parma per #Bernabé:
20 anni centrocampista di assoluta qualità e con un mancino spaventoso che sta facendo impazzire la #SerieB.
Interessati anche altri due club di #SerieA e uno spagnolo.
?⚫️ pic.twitter.com/akXVB6Fvai— Sebastiano Sarno (@Seby_Sarno_) April 14, 2022