Top Sport

Соиграчите без милост кон Ловрен (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул, вчера, забележаа нова победа во Премиер лигата со која ја продолжија трката за шампионската титула со Манчестер сити. Алисон прими гол од корнер, но потоа Ливерпул лесно славеа 4:2.

Покрај победата вниманието го привлече и загревањето пред почетокот на натпреварот, каде играчите биле немилосрдни кон Дејан Ловерен.

Соиграчите си поигрувале со него, три пати му ја туркале топката низ нозе и паѓале од смеа. Најнемилосрден бил Џердан Шаќири.

Scroll to Top