Првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах се потсмеваше со своите соиграчи кои очигледно уживаа во зимската пауза, откако Египќанецот реши да не оди на некоја плажа, туку остана во Ливерпул и тренираше во центарот во Мелвуд.
Со фото на велосипед за вежбање, тој на Инстаграм напиша: „Се вратив од одморот на кој не бев“.
За разлика од него, неговите соиграчи ја искористија шансата за одмор. Роберто Фирмино со својата сопруга замина на Малдивите, како и фудбалерот од средниот ред Фабињо. Виргил ван Дајк и Алекс Окслејд-Чембрлен се во Дубаи, додека Георгино Вајналдум беше блиску во Обединетите Арапски Емирати. Адам Лалана пак, на пример, замина во САД, каде што беше на НБА мечот помеѓу Мајами Хит и Филаделфија 76ерс.
„Црвените“ се враќаат во акција на 15 февруари против Норич, што значи дека тимот ќе има две недели одмор откако Јирген Клоп реши да ги прати младите фудбалери во ФА куп мечот против Шрузбери во вторникот.