Top Sport

Соиграчите не го сакаат, тој е груб и арогантен – Баерн ќе го отпушти Кузинс

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, го отпишал од тимот 22-годишниот Микаел Кузинс. „Билд“, пред неколку недели пишуваше дека Кузинс мислел дека добар фудбалер, не заслужувал да биде резерва, поради што не сакал да тренира.

Клуб каков пто е Баерн нема да толерира таков став, дури и на соиграчите им пречело неговото арогантно и грубо однесување. На последните тренинзи ги повредил Марцел Сабицер и голманот Свен Улрих.

Големото его на фудбалерот го натерало тренерот Нагелсман да му каже како стојат работите во клубот.

Се договориле тој во зимскиот преоден рок да го напушти Баерн. Клубот ќе се обиде да го продаде, доколку никој не понуди пари за него, Баерн ќе му врачи отказ.

Кузинс во 2019 година, за сума од 10 милиони евра од Менхенгалдбах пристигна во Минхен. Во кариерата играл за Олимик Марсеј и Нанси.

Scroll to Top