Top Sport

Пред 40. роденден Ибрахимовиќ доби нов повик во националниот тим

Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ повторно е повикан во фудбалската репрезентација на Шведска за квалификациите за Мундијалот во 2022 година во Катар. Голгетерот на Милан треба да им помогне на соиграчите на мечевите против Косово, односно Грција иако тој поради повредата на коленото не беше во составот на „трите круни“ на ЕУРО2020.

Шведскиот селектор Јане Андерсон се уште смета на услугите на фудбалерот кој за 5 дена ќе наполни 40 години, пред се затоа што Шведска доживеа пораз од 2-1 од Грција иако претходно славеше против фаворитот Шпанија во септемврсиките квалификации.

„Се одлучив да го вклучам затоа што се надевам и верувам дека тој може да придонесе. Повредата е зад него, се уште не е фит, ама секој ден состојбата е се подобра“ објасни Андерсон.

Шведска моментно е втора во групата Б со 9 бода зад водечката Шпанија.

Мечот против Косово е на 9. октомври, а дуелот со Грција три дена подоцна. Двете средби се играат во Стокхолм.

Scroll to Top