Top Sport

Сојунчу се сели во Атлетико

Атлетико Мадрид го договориле трансферот на Чаглар Сојунчу. Турчинот на „Метрополитано“ ќе дојде како слободен играч.

Сојунчу, оваа сезона одигра само шест натпревари за Лестер, поради несогласувањето со претходниот тренер Брендан Роџерс и одбивањето да потпише нов договор.

Во 2018 година Лестер за неговиот трансфер на Фрајбург му плати 21 милион евра. Според „Трансфермаркт“, неговата вредност сега изнесува 15 милиони евра.

Турскиот репрезентативец во Атлетико ќе го пополни местото на Фелипе. Договоор на Бразилецот истекува на крајот од сезоната. Тој од јануари е позајмен во Нотингем Форест.

Сојунчу „лисиците“ освои два трофеи во ФА и Лига купот. Сезонава настапи на 6 натпревари.

Scroll to Top