Top Sport

(Видео) Дрогба ги предупреди африканските фудбалери за „лажните“ агенти

Поранешниот легендарен напаѓач на Челси, Дидие Дрогба прати порака до африканските фудбалери да бидат внимателни во контактите со „лажните“ фудбалски агенти кои им ветуваат слава и пари. Тој преку својата фондација и во соработка со синдикатот на фудбалери ФИФПРО поведува кампања за да се зголеми свесноста за проблемот.

„Ве молам да го послушате ова. Бидете многу внимателни кому верувате. Никогаш не му верувајте на човекот кој ги сака вашите пари“, вели поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска во анимираното видео.

ФИФПРО во истражување на 263 фудбалери од седум африкански земји откри дека повеќе од 70 отсто имале контакт со „сомнителни“ фудбалски агенти.

„Некои од нашите пријатели останаа без целото семејно наследство, продадоа што имаа, но никогаш не заиграа во странство. Наместо тоа, останааа на аеродром, во некој стан во распаѓање, под стадион со уште 20 други фудбалери или во затвор во Азија. Не зборувам за еден фудбалер, туку за илјадници како вас кои имаа исти соништа и надежи и останаа без ништо. Не сакам да завршите исто“, додава Дрогба.

Scroll to Top