Поранешниот дефанзивец на Арсенал и на англиската репрезентација, Сол Кемпбел вели дека е исфрустриран од тоа што ниту еден англиски клуб не му дава шанса да се покаже како менаџер, посочувајќи дека тој е еден од „најголемите умови“ во фудбалот.
43-годишниот Кемпбел неодамна беше во игра да стане менаџер на Оксфорд јунајтед, но третолигашот се реши да му ја даде улогата на поранешниот фудбалер Крег Белами. Кемпбел не можеше да остане скромен.
„Да, отидов по работата и не ја добив. Можеби немам доволно искуство, бла, бла, но тоа е опасен круг. Како да добијам искуство кога ми е потребна работа? Не сакам да одам толку ниско и да си кажам: ‘што барам јас тука?’. Сигурен сум дека не се работи за голема наука, посебно во третата лига. Ако си доволно интелегентен и учиш бргу, по два три натпревари знаеш што треба да направиш“, вели Кемпбел во интервју за весникот „Оксфорд мејл“.
Тој оди и понатаму.
„Доволно сум умен. Не ми се верува. Јас сум еден од најголемите умови во фудбалот и не добивам шанса поради недостатокот на искуство или поради тоа што зборувам многу“, вели Кемпбел.