Top Sport

Соланке го продолжи договорот со Борнмут

Фудбалерот на Борнмут, Доминик Соланке го продолжи договорот со клубот до 2027 година, соопшти англискиот премиерлигаш.

Соланке (25) е член на Борнмут од 2019 година, а за овој клуб одигра 179 натпревари и постигна 59 голови.

Пред Бурнмаут играше за Ливерпул, Витесе и Челзи. Соланке ги помина сите младински селекции на Англија, а за А селекцијата одигра само еден натпревар.

„Среќни сме што имаме играч како Доминик во нашиот тим. Тој е фудбалер кого многу го цениме на теренот и надвор од него. Возбудени сме што ќе продолжиме да работиме со него. Сигурен сум дека заедно можеме да продолжиме со добри резултати во наредните години“, изјави извршниот директор на Борнмут, Ник Блејк.

Scroll to Top