Сантијаго Солари, тренерот на Реал Мадрид, истакнал дека разговарал со своите играчи и дека на сите им кажал што мисли. Реал игра лошо оваа сезона која ќе ја завршат без освоен трофеј.
Реал доживеа елиминација од Купот и Лигата на шампионите, а во првенството има 12 бода помалку од Барселона.
„Дел од фудбалерите играат според очекувањата, меѓутоа има и такви што не играат добро. Се им кажав в лице, но не можам да ви откривам приватни разговори. Јас секогаш го давам максимумот, тоа го правам од самиот почеток. Голема чест е да се биде тренер на Реал Мадрид“, им рекол Солари на новинарите.
Реал, в недела во 27 коло ќе гостува во Валјадолид. Натпреварот започнува во 20:45 часот.