Рома минимално ја победи Верона на „Олимпико“ со 1:0 и се најде на третата позиција на табелата во Серија А со 44 бода. Тренерот Жозе Мурињо му даде шанса за првпат да биде стартер на Ола Солбакен, а тој му возврати со победнички гол во 45.минута.
Верона по овој пораз останува во опасната зона на табелата, со 17 бода се наоѓа на 18. позиција на табелата.