Селекторот на норвешката фудбалска репрезентација, Стале Солбакен тврди дека поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер има „измиен мозок“ бидејќи од „најумниот човек во фудбалот“ станал човек кој ги дава „најглупавите изјави“ на светот како официјален претставник на ФИФА.
Венгер, кој од 2019 година е на позицијата на шеф за глобален развој на фудбалот во ФИФА, тврдеше дека тимовите кои биле преокупирани со политичките ставови на СП во Катар имале најслаби резултати, посочувајќи на Данците и на Германците, кои беа елиминирани во групната фаза, откако претходно протестираа за човековите и ЛГБТ правата во Катар.
„Ме стресува тоа што најумниот човек во фудбалот, Арсен Венгер, кој ми беше пример во текот на годините, некако има измиен мозок и сега ги дава најглупавите изјави. Во моментов има поларизација во светскиот фудбал и според тоа како се движат работите ќе биде уште полошо“, вели Солбакен.