Алексис Санчез направил „голем, огромен чекор напред“ во својата кариера во Манчестер јунајтед со голот против Арсенал во петокот во ФА купот вели преодниот менаџер на клубот, Оле Гунар Солксјер.
По трансферот минатиот јануари, Чилеанецот се мачеше со формата и физичката подготвеност, но беше одличен против својот стар клуб на „Емирати“ постигнувајќи го првиот гол во 3:1 победата и Солксјер е импресиониран.
„Колку и да се обидувате да зборувате со него, на тренинзите е јасно дека тој е горд човек кој сака да работи и е посветен да покаже дека вреди. Откако сум јас во клубот тој беше фантастичен и неговата работа се гледа на теренот. За жал, имаше повреди, но во петокот покажа дека направил голем чекор напред“, вели Солскјер.
Сепак, Норвежанецот посочува дека нема да има „посебен третман“ за фудбалерот со највисока плата во клубот (наводно 391.000 фунти неделно“.
„Со мене сите добиваат ист третман бидејќи во клубот има многу добри играчи кои сакаат да се докажат. Не е важна цената и платата. Не ме интересира колку чинеле или колку заработуваат, туку само што можат да дадат за тимот“, додава Солксјер.