Top Sport

Солскјер му врати на Клоп: Ние напаѓавме цело време!

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер врати на тврдењето на Јирген Клоп дека неговиот тим играл премногу дефанзивно во 0:0 ремито во дербито минатата недела, но потврди дека сака подобрување од неговите напаѓачи кога повторно ќе се судрат со Ливерпул во недела во ФА купот.

Јунајтед втора недела по ред ќе се судрат со своите лути ривали, овојпат во четвртото коло на ФА купот на „Олд Трафорд“.

„Ние напаѓавме цело време кога ја имавме топката, можеби и премногу. Ја губевме топката и тоа беше предизвикот, одевме пребргу напред. Мислата дека не сме напаѓале, навистина не сфаќам од каде доаѓа. Треба да го поправиме квалитетот на нападите, тоа е така, а се обидовме да ги притиснеме. Тие играат добро, а имаа и пет фудбалери во средниот ред и голман кој е способен. Да, Ван Дајк не им е таму, но сите имаат по некоја повреда. Јас бев задоволен од перформансите“, вели Солскјер.

Јунајтед беа во офсајд осум пати на „Енфилд“ минатата недела, од кои пет пати Маркус Рашфорд и Солскјер тука бара подобрување.

„Знам дека сакаат да одат напред, но сакаат тоа да го прават пребргу. Не треба секогаш така, и тоа е одлука кои тие треба да ја направат на теренот. Во нашата ДНК е да одиме на гол ако видиме додавање, но треба да го направиме тоа подобро. Тука мислам дека можевме да бидеме многу подобри. Но, работите ќе дојдат на место. Единсон Кавани е нов, Бруно не е тука ниту цела година. Ќе дојдеме на целта“, додава Норвежанецот.

Scroll to Top