Top Sport

Најава за нов ракометен „потоп“ – Русите на +10 по првото полувреме

Од самиот старт беше јасно каков меч не очекува. Македонија даде само еден гол во првите 15 минути за да губи со 1:7 од Русија, најавувајќи уште еден ракометен „потоп“ на СП во Египет, разлика која на полувреме дојде до девет гола – 19:9.

Проблемите на тимот на селекторот Брестовац беа во речиси секој сегмент на играта, а секако не помогна ниту лошата воиграност откако дознавме дека одиме на шампионатот без вистински подготовки како замена за Чешка.

Игор Сорока не „решеташе“ со шест постигнати голови, три постигна Сергеј Косоротов, додека кај македонската репрезентација, Филип Кузмановски имаше три гола, Жарко Пешевски два, додека капитенот Кирил Лазаров е уште без постигнат гол,

Scroll to Top