Менаџерт на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, во пресрет на осмина-финалниот натпревар во ФА купот против Челси во Лондон, говорел за формата на Алексис Санчез. Чилеанецот од доаѓањето не успеа да е наметне на „Олд Трафорд“.
Алексис Санчез е играч на Манчестер Јунајтед од јануари 2018 година. Кај Мурињо не успеа да се наметне, а слична е ситуацијата и од доаѓањето на Солскјер.
Тој може да добие шанса вечерва против Челси, бидејќи двајца крилни играчи се повредени. Џеси Лингард и Ентони Марсијал ќе отсуствуваат две недели од тимот на Солскјер.
„Ние знаеме дека тој е одличен фудбалер. Тој е како шишенце кечап. Никако не сака да излезе, но кога ќе тргне тогаш не престанува. Постигнат гол би му ја кренал самодовербата. Верувам дека ќе игра добро“, рекол Солскјер.
Манчестер Јунјтед ќе гостуваат на „Стенфорд Бирџ“ вечерва од 20:30 часот.