Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер вели дека неговото ново засилување, Бруно Фернандеш може да има слично влијание на тимот од „Олд Трафорд“ какво што имаше неговиот поранешен соиграч Пол Сколс.
Португалецот пристигна во Манчестер во договор вреден 60 милиони долари од Спортинг Лисабон и засега остава добар впечаток во трите меча кои ги имаше, и Солскјер вели дека тој наликува на Сколс, кој 20 години беше клучен играч на „ѓаволите“ освојувајќи 11 титули од Премиер лигата и две од Лигата на шампионите.
„Тој ме потсетува на Сколси како фудбалер, иако има сосема поинаков карактер надвор од теренот. Против Бриж, кога беше на клупата, одеше наоколу зборуваше со фудбалерите им кажуваше совети. А во 10-те минути кои играше направи голема разлика. Тој е диригент и лидер. Сака да победува. Тоа е нешто што веднаш се забележува кога го гледате како игра, но вистинското влијание го гледате кога ќе го имате во тимот“, вели Солскјер.