Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер смета дека Шпанецот Давид де Хеа веќе 10 години е најдобар светски голман. Тој на „Олд Трафорд“ дојде од Атлетико Мадрид во 2011 година и ќе го престигне легендарниот Петер Шмајхел по бројот на настапи во дресот на „ѓаволите“.
Сепак, во последниот период, Де Хеа прави големи грешки, па многумина во Јунајтед се сомневаат дека неговото место меѓу стативите ќе биде разнишано.
„Давид овде имаше фантастични партии, следната година му е десетта. Докажа дека Ерик Стил (поранешниот тренер на голманите) бил во право кога верувал во него. Од почетокот му беше тежок од физички аспект фудбалот во Англија, но по мое мислење, тој е најдобриот светски голман во последните 10 години“ – вели Солскјер.