Манчестер јунајтед ќе ги решаваат своите проблеми со засилувања од Бундеслигата, откако според „Дејли мирор“, Оле Гунар Солскјер добил зелено светло и 125 милиони фунти да ги донесе Томас Милер и Каи Хаверц на „Олд Трафорд“.
Каи Хаверц од Баер Леверкузен е ценет на 85 милиони фунти, но тој е совршен во планот на „ѓаволите“ за ангажирање на млади и талентирани фудбалери, откако во текот на летото Јунајтед не купи играч од средниот ред.
Милер пак, не е меѓу помладите фудбалери, но би донел потребно искуство во тимот, бидејќи веќе не е меѓу првите фудбалери на Нико Ковач. Неговата цена се проценува на 40 милиони фунти.