Top Sport

НБА: Нова катастрофа на Сакраменто (видео)

Сакраменто кингс имаат катастрофален старт на новата НБА сезона, откако и во третиот меч доживеаја висок 113:81 пораз на гостувањето кај Јута џез. Овој пораз доаѓа по првиот пораз од 29 поени разлика и вториот од 10 поени разлика.

Во првото полувреме Сакраменто даде само 41 поени, додека Јута беше предводена од Бојан Богдановиќ кој имаше 26 поени и 4 скока, додека Донован Мичел додаде 15 поени.

Лоша партија имаа и Милвоки бакс, кои во продолжението паднаа со 131:126 од Мајами хит, откако пропуштија предност од 21 поени во второто полувреме. Јанис Адетокумбо, втор меч во низа беше исклучен од натпреварот, и неговите 29 поени, 17 скока и 9 асистенции не беа доволни за втора победа на Бакси.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Милвоки – Мајами 126:131 ОТ

Детроит – Филаделфија 111:117

Њујорк – Бостон 95:118

Чикаго – Торонто 84:108

Кливленд – Индијана 110:99

Хјустон – Њу Орлеанс 126:123

Јута – Сакраменто 113:81

Сан Антонио – Вашингтон 124:122

Феникс – ЛА Клиперс 130:122

Scroll to Top