Top Sport

Солскјер: Две судиски грешки…

Манчестер јунајтед, синоќа доживеаја шокантен пораз на „Олд Трафорд“, од фенерџијата Шефилд јунајтед. За „црвените ѓаволи“ поразот од Шефилд беше четврти сезонава на домашен терен. Во исто време Шефилд јунајтед ја запишаа втората победа во сезоната.

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, разочаран од резултатот, го впери прстот во судиите.

„Не бевме на нивото на кое игравме во последните два месеци. Многу сум разочаран, не можевме да најдеме решение за нивната одбрана, за компактниот блок. Судиите имаа два лоши одлуки. Оваа сезона има многу нелогичности, судиите пропуштија да донесат поинакви одлуки во тие две ситуации“.

Манчестер јунајтед, по поразот, останаа на второто место на табелата, со бод помалку и натпревар повеќе во Манчестер сити.

Scroll to Top