Манчестер Јунајтед ќе започне преговори со уругвајскиот фудбалер Едисон Кавани за продолжување на договорот со него.
„Можам само да кажам дека сум импресиониран од Едисон кој многу направи за нас и навистина добро се вклопи во екипата“ – изјави менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солксјер.
Кавани на „Олд Трафорд“ дојде во октомври минатата година и потпиша едногодишен договор со можност истиот да се продолжи уште толку.
Во досегашниот дел од сезоната 34-годишниот напаѓач одигра 24 меча за Јунајтед и постигна 7 гола.
„Ќе седнеме и ќе разговараме со него наскоро, секако, треба да ги видиме и неговите планови“ додаде Солскјер.
На мечот во Торино, каде Реал Сосиедад му беше домаќин на Манчестер Јунајтед Кавани не настапи поради повреда на мускулот. Сепак, и без негова помош, „ѓаволите“ убедливо со 4-0 славеа и речиси се пласираа во осминафиналето на ЛЕ.
На табелата, пак, во Премиерлигата Јунајтед има -10 бода од градскиот ривал Сити.