Top Sport

Солскјер има оправдување за поразот – ВАР не оштети

Манчестер јунајтед го доживеа првиот пораз во сезоната, во Премиер лигата. Астон Вила ги однесе бодовите од „Олд Трафорд“ со голот на Хаус, постигнат во 88.минута. И покрај тоа што не Бруно Фернандеш промаши пенал во 93.минута, менаџерот Оле Гунар Солскјер за поразот ги обвини судиите.

„Одлично влеговме во натпреварот. Бевме агресивни, добри во транзицијата. Завршницата не беше на задоволително ниво, но морам да кажам дека одлуката на ВАР беше погрешна. Имаше офсајд. Воткинс го блокираше Де Хеа“, рекол Солскјер.

Scroll to Top