Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер открива дека ја одбил можноста да стане селектор на женската репрезентација на Норвешка бидејќи чека вистинска понуда за „уште еднаш“ да се обиде во машкиот фудбал.
Солскјер е без работа откако доби отказ од „ѓаволите“ во ноември 2021 година по лошиот старт на сезоната. Бидејќи неговата ќерка Карна Солскјер игра за норвешкиот ААФК Фортуна, тој добро го познава и женскиот фудбал, но засега има други планови.
„Зборував со федерацијата за работата како тренер на женската репрезентација, тие веќе ме прашаа, но не сум подготвен за таква работа. Прво имам уште барем уште една работа во машкиот фудбал, тоа е сигурно. Го сакам фудбалот, сакам да помогнам на репрезентацијата, но уште не е време. Сега уште уживам со семејството и можам мирно да гледам фудбал. За подоцна ќе видиме“, вели Солксјер.