Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер признава дека не знае дали на сите негови фудбалери им е грижа што нивниот клуб загуби со 4:0 од Евертон.
Во една од најлошите партии во ерата по владеењето на Сер Алекс Фергусон, Манчестер јунајтед упати само еден удар на голот на „Гудисон парк“, и сега надежите за пласман во ЛШ следната сезона зависат од домашните пресметки со фаворизираните Манчестер сити и Челси.
„Не знам дали се грижат. Прашајте ги нив. Јас ги прашав и нема да добиете одговор од мене, но ако сакате да играте за овој клуб тоа мора да ви значи нешто. Не можам да го сменам цел тим. Чекор по чекор. Јас ќе сум успешен тука, а има фудбалери кои нема да бидат дел од тоа“, вели Солскјер.
Тој се извини на навивачите на Јунајтед, велејќи дека тие се единствените кои заслужиле да го носат грбот на клубот. Шанса за кам-бек доаѓа многу бргу, бидејќи во среда доаѓаат Манчестер сити на „Олд Трафорд“, а само четири дена потоа гостува и Челси.
Евертон го „здроби“ Јунајтед, кризата кај „ѓаволите“ нема крај! (видео)