Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер не сакал да ја коментира одлуката на Судот за спортска арбитража кој му ја укина казната на Манчестер сити. На рес конференцијата во пресрет на натпреварот со Кристал Палас во Лондон, Солскејр зборувал само за својот тим.
Претходно тренерите на Ливерпул и Тотенхем, Јирген Клоп и Жозе Мурињо го кажале своето мислење за овој случај, а нивниот колега од Манчестер сити, Пеп Гвардиола им порача дека треба да се извинат за своите коментари.
„Други можат да водат распарав на оваа тема. Тоа не е моја работа. Правилата постојат, но некој друг дискутира што е исправно, а што не е “, рекол Солскјер.
Манчестер Јунајтед утре од 21.15 часот ќе гостува кај Кристал Палас. Тимот од Лондон во август победи на „Олд Трафорд“ со 2:1.