Немања Матиќ го игра „најдобриот фудбал во кариерата“, вели менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер и посочува дека 31-годишниот Србин може да добие нов договор со „ѓаволите“, во необичен пресврт.
Јунајтед ја искористи опцијата и го продолжи договорот на Матиќ до летото 2021 година, иако се веруваше дека тој бара нов клуб, но сега Солскјер ја пофали неговата тимска улога. Матиќ е во Јунајтед од 2017 година, со 111 настапи откако пристигна од Челси, каде што освои две титули од Премиер лигата.
Против Шефилд јунајтед вчера, повторно се покажа вредноста на Србинот со дефанзивната игра, дозволувајќи Бруно Фернандеш и Пол Погба да се концентрираат на нападот.
„Немања го игра можеби својот најдобар фудбал. Тој ја имаше најдобрата пред-сезона по години и се виде колку вреди неговото искуство и диктирањето на играта. Многу сум задоволен од него и тој е важен уфудбалер за нас. Ако Немањ сака да остане со нас, тогаш ќе го направиме тоа“, вели Солскјер.