Top Sport

Роналдињо се потсети на својот прв гол за Милан

Легендарната бразилска фудбалска мегаѕвезда, Роналдињо преку социјалните мрежи се потсети на својот прв гол во дресот на Милан со прака: „Благодарам за подарокот, Кака“.

Роналдињо пристигна на „Сан Сиро“ од Барселона во 2008 година и помина две и пол сезони во Милано, постигнувајќи 26 гола во 95 меча за „росонерите“, а првиот гол беше постигнат на „Дерби дела мадонина“ против градскиот ривал Интер на 29 септември 2008, кога доби одлична топка од сонародникот Кака.

„Мојот прв гол за Милан. Имав неверојатна среќа да го постигнам голот кој го реши дербито. Благодарам за подарокот од мојот пријател Кака“, напиша Роналдињо.

Scroll to Top