Top Sport

Солскјер: Мурињо се жалеше на соблекувалната, која беше сменета во негово време

Жозе Мурињо во периодот додека бил тренер на Манчестер Јунајтед на сите можни начини се обидувал да стекне предност над противниците кои гостувале на „Олд Трафорд“.

Португалецот во својот мандат ја сменил соблекувалната наменета за гостите, со цел противниците да немаат идеални услови на „Олд Трафорд“.

Неговиот наследник Оле Гунар Солскјер раскажал како на своја кожа ги почувствувал последиците од таа одлука.

Лани, во декември, Мурињо како менаџер на Тотенхем се врати на „Олд Трафорд“, тогаш му се пожалил на колегата Солскјер.

„Претходно немавме можност да се запознаеме. Имавме само кратка средба во перидот кога тој беше тренер на Челси, а јас на Кардиф. Имавме убав разговор кога дојде со Тотенхем. Ми се пожали на стандардите во гостинската соблекувална, на истата онаа која тој ја смени. Сепак атмосферата меѓу нас беше позитивна“, раскажал Солскјер.

Scroll to Top