Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, бил на состанок кај клупскиот челник, Ед Вудворд, поради лошата низа од седум порази на последните девет натпревари.
Нема насмевки на „Олд Трафорд“ што за момент ги врати Солскејр откако го наследни Жозе Мурињо. Добрите резултати на „црвените ѓаволи“ завршија со елиминирањето на ПСЖ во Лигата на шампионите.
„Црвените ѓаволи“ сега се во лоша серија, испаднаа од Купот, од Лигата на шампионите, а проблемите на Солскјер се зголемија по поразот во градското дерби од Сити.
Поради тоа менаџерот бил повикан на итен состанок кај Вудуворд. Јунајтед многу веројатно нема да стигнат до четвртото место што значи дека ќе останат без Лигата на шампионите, што ќе претставува сериозен удар за клубот.
Солскјер има проблеми со играчите и тоа веќе не е тајна. Најголемите ѕвезди бараат зголемување на платите, не им е јасно како Алексис Санез неделно заработува речиси 600.000 евра.
Пол Погба е голем проблем, но не помал од Давид Де Хеа или Ромелу Лукаку. Иако Погба пред дуелот со Сити одржал инспиративен говор во соблекувалната, медиумите тврдат дека тој со мислите е веќе во Реал Мадрид.
Лукаку не крие дека неговиот сон бил да заигра во Серија А, а кај Де Хеа е забележлив падот во формата. Шпанскиот голман речиси шест месеци не може да се договори со клубот околу продолжувањето на соработката.
Вудворд бил загрижен за лошите резултати, но и покрај тоа Солскјер ќе остане, како што пишуваат медиумите, барем до почетокот на летниот преоден рок.