Оле Гунар Солскјер најавува дека Манчестер јунајтед најверојатно нема да се засилат дополнително до крајот на преодниот рок, но додава дека „никогаш не се знае сигурно во светот на фудбалот“.
„Ѓаволите“ веќе ги донесоа Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд и Рафаел Варан од Реал Мадрид, но беа поврзувани и со Едуардо Каваминга, Киеран Трипиер и Саул Нигуез. Солскјер вели дека дополнително засилување би бил „бонус“, но дека не очекува нови играчи.
„Мислам дека нема да се случат многу работи. Ако не што се случи, тоа ќе биде бонус, бидејќи знаете, никогаш не знаете за сигурно во светот на фудбалот. Мислам дека имавме добар преоден рок и задоволен сум од тоа што успеавме да го завршиме“, вели Солскјер.
Покрај доаѓањето на Санчо и Варан, од клубот на позајмица за минаа Аксел Туанзебе, Тахит Чонг, Факундо Пелистри, Џејмс Гарнер и Брендон Вилијамс, додека трансфери направија Андреас Переира и Серхио Ромеро.