Top Sport

Солскјер: Не требаше да го вратиме Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер во интервју за Атлетик зборуваше за повеќе теми, вклучувајќи ги и трансферите во негово време. Тој призна дека не требало да го врати Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед, но тогаш одлуката изгледала добра и логична.

„Враќањето на Роналдо беше опција која тешко се одбива. Чувствував дека треба да ја искористиме шансата, но се покажа дека е грешка. Се чувствував многу правилно кога навивачите го скандираа неговото име кога тој постигна два гола против Њукасл. „Олд Трафорд“ се тресеше. Роналдо тогаш беше еден од најдобрите играчи во светот, изгледаше одлично. Но, тогаш работите тргнаа наопаку“, рече Солскјаер.

„Веднаш предложив да го купиме Халанд, уште пред тој да заигра за Салцбург, и Деклан Рајс, кој немаше да не чини толку многу. Разговаравме за Моизес Каиседо, го сакавме и Џуд Белингем. Сакав веднаш да го донесам Хари Кејн, но клубот немаше доволно пари по кризата предизвикана од коронавирусот“, објасни Солскјаер.

Scroll to Top