Оле Гунар Солскјер има совршен старт на клупата на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ имаат осум победи од моментот кога Солскјер го замини Мурињо.
Пред норвешкиот тренер допрва следат вистински искушенија, дуелите со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, со Челси во ФА купот, Ливерпул во Премиер лигата.
Солскјер порачува дека Манчестер Јунајтед мора да освојува трофеи и дека нема да се задоволи само со четвртото место во Премиер лигата.
„Ние сме Манчестер Јунајтед и очекувањата секогаш се дека сме конкуренти за освојување на Премиер лигата. Оваа година тоа не можеме да го направиме, но гледаме напред и ќе се обидеме тоа да го направиме наредната сезона“, рекол Норвежанецот.
Јунајтед на табелата имаат 16 бода помалку од лидерот Ливерпул.
„Ја имаме Лигата на шампионите, ФА купот..Мораме да освоиме нешто оваа сезона. Кога ќе освоите трофеј тој ден е фантастичен за сите во клубот. Денот кога ќе освоиш нешто е најдобар во твојот живот, идејќи никогаш не знаеш кога ќе го освоиш наредниот“, дополнил Солскјер.
Медиумите претпоставуваат дека изјавата е еден вид на одговор на коментарот на Маурисио Покетино од Тотенхем, дека целта на неговиот тим е сезоната да ја заврши меѓу најдобрите четири во Премиер лигата.