Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер рече дека на неговиот тим му била потребна победа како синоќешната против Партизан од 3-0 во рамки на групната фаза од Лига Европа.
„Ни требеше победа, но и игра во која ќе напаѓаме и ќе постигнеме повеќе од еден гол. Можевме да дадеме и повеќе од 3,но важно е дека беше добра претстава и дека освоивме важни бодови“ – смета Солскјер.
Фудбалерите на Јунајтед на „Олд Трафорд“ не им оставија никаква шанса за прогрес на „црно-белите“ од Белград.
„Очекувате дека ќе победите на свој терен против вакви тимови. Без потценување за Партизан, одиграа добро и во Белград, но сепак очекувате победа пред своја публика“ смета менаџерот на „црвените ѓаволи“.
По 4 одиграни кола во ЛЕ Јунајтед е прв на табелата со 10 бода и со обезбедена нокаут фаза.
„Сакаме да ја освоиме групата, но патувањето кај Астана не е нешто на кое посебно се радуваме, посебно затоа што ги имаме Астон Вила, Тотенхем и Манчестер Сити неделите после тоа, така да можно е да одморам некои играчи на тој меч“ рече Норвежанецот.