Top Sport

Клиперси на крилата на Ленард го средија Портланд, Шарлот немаше шанси со Бостон (видео)

Во американската НБА лига изминатат ноќ се одиграа четири натпревари.

Лос Анџелес Клиперс предводени од Каваи Ленард славеа победа од 107-101 на домашен терен против екипата на Портланд.
Ленард мечот го заврши со 27 поени, 13 скокови и 4 асистнции, а со поен помалку значаен придонес даде и Лу Вилијамс кој имаше и 8 асистенции.

Во поразената екипа најефикасни беа Демијан Лилард и Си Џеј Меколум со по 22 поени.

Бостон Селтикс сезонава игра во одлична форма. Синоќа славеше нова победа, овојпат нагости кај Шарлот со 108-87. Тоа беше петта победа во низа за Селтикси.

Репрезентативецот на САД, Татум беше прва ѕвезда на вечерта во својата екипа, со учинок од 23 поени и 9 скока. Хајвард го следеше со 20 поени, 10 скокови и 6 асистенции.

Кај Шарлот најпрецизен беше Бриџс со 18 поени и 10 скока.

Во останатите два ноќешни натпревари Мајами го совлада Феникс со 124-108, а Сан Антонио на домашен терен ја совлада Оклахома со 121:112.
https://youtube.com/watch?v=EvJVO5odbys

https://youtube.com/watch?v=vg7qfSVcS3U

Scroll to Top