Top Sport

Солскјер: Ние сме Јунајтед, не мораме да продаваме играчи

Реал Мадрид не го крие интересот за Пол Погба, фудбалерот нема ништо против да замине од „Олд Трафорд“, а Манчестер Јунајтед ја одредија цената за својот фудбалер, таа изнесува 180 милиони евра.

Манчестер Јунајтед немаат намера да го продадат Погба, тоа се гледа од сумата што ја бараат за да го ослободат францускиот фудбалер од обврските кон нив.

Јунајтед се наоѓаат во Австралија на подготовки, а со тимот е и Погба. По повод неговото заминување се огласил и менаџерот Оле Гунар Солскјер.

„Се разбра дека разговарав со Пол и верувајте цело време одржувам контакт со него. Колку што знам ниту една понуда не пристигнала за нету еден наш играч. Ние сме Манчестер Јунајтед и ние не мораме да ги продаваме нашите играчи“, рекол Норвежанецот.

Scroll to Top