Top Sport

НБА тренерите добија право на челенџ

Во НБА лигата од наредната сезона тренерите ќе можат да бараат челенџ. Ваков систем неколку години веќе постои во американскиот професионален фудбал, односно во НФЛ лигата.

Тренерите во НБА лигата ќе имаат знаменца со кои ќе ги известуваат судиите дека одредена одлука сакаат да ја проверат со прегледување на видео снимката.

Инаку, тренерите ќе добијат по еден челенџ и тој ќе се однесува на досуден фаул, аут, дали топката имала слегнувачка патека и играње со топката над обрачот.

Нвина е што од наредната сезона, студиото во Њу Џерси ќе може да им наложи на судиите да утврдат дали некој шут бил упатен по истекот на времето и да проверат дали играч кој погодил шут од далечина газел на линијата за три поени.

Scroll to Top