Top Sport

Солскјер одбил неколку понуди за работа

Оле Гунар Солскјер, поранешен играч и менаџер на Манчестер јунајтед, се уште не е подготвен да ѝ се врати на тренерската работа. Според норвешките медиуми, тој одбил неколку понуди да продолжи со работа во декември минатата година, кога доби отказ на „Олд Трафорд“.

Извори блиски до Солскјер открија дека тој имал понуди од Премиер лигата, но и дека на сите им го дал истиот одговор, дека се уште не е подготвен.

Во последните недели се зборуваше дека Барнли е заинтересиран за неговите услуги.

Шон Дајч беше отпуштен во април, но беше успешно заменет со привремениот менаџер Мајк Џексон, кој освои десет поени од четири натпревари како менаџер на Барнли.

Солскјер, неодамна бил виден на натпреварот од ФА Купот на женската екипа на Манчестер јунајтед каде со голем успех игра неговата ќерка Карна.

Исто така, се верува дека негов соработник на клупата во некоја идна работа ќе биде Мајкл Керик, кој му беше помошник на „Олд Трафорд“.

Scroll to Top