Вест Хем им се одмазди на Манчестер јунајтед за саботниот пораз во Премиер лигата. „Чеканите“, го елиминираа Манчестер јунајтед во првото коло, во Лига купот. Единствениот гол на „Олд Трафорд“ го постигна Мануел Ланзини во деветтата минута.
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Слоскјер, реши да одмори неколкумина од стандардната постава, но сепак на теренот имаше респектабилен тим. На крајот не успеа да победи, а виновни за поразот му беа судиите.
„Не сакам да барам алиби, но имаше пенал над Лингард. Ние извршивме притисок по примениот гол. Гринвуд во вториот дел внесе свежина во играта, беше добар, но тоа не ни помогна. Сакавме да се пласираме во второто коло, ќе биде ова долга сезона. Немам замерки кон играчите, не е добро што сме елиминирани. Во сабота не ека важен меч со Астон Вила во Премиер лигата“, рекол Солскјер.