Тренерот на Молде, Оле Гунар Солскјер по елиминацијта на Хибернијанс во третото квалификациско коло од Лига Европа, призна дека сè што знае за фудбалот научил од Сер Алекс Фергусон додека беше негов играч.
Норвежанецот помина 11 сезони на „Олд Трафорд“, во славната генерација на Манчестер јунајтед и признава дека имал целосна трансформација на личноста кога се преселил во Англија во 1996 година.
„Сер Алекс ме научи како да не бидам самодоволен и да ги кревам стандардите. Сè што знам за работа со фудбалери го научив од него“, вели Солскјер.
45-годишниот Солскјер по вторпат е тренер на Молде, по деветте слаби месеци како тренер на Кардиф сити. Тој вели дека контактира со 76-годишниот Фергусон по неговиот мозочен удар оваа година.
„Ова лето тој ми пушти порака и типично за него, се извини што не ми пишал порано. Секогаш има време за секого. Неверојатен човек“, вели Солскјер.