Top Sport

Солскјер: Подобро „дупка“ во тимот отколку „ш.пак“!

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер вели дека преферира да има дупка (hole) во својот тим отколку ш.пак (asshole), потврдувајќи дека атмосферата кај „ѓаволите“ е подобра по заминувањето на Алексис Санчез, Ромелу Лукаку и Крис Смолинг од клубот минатата сезона.

На нивно место дојдоа нови лица како Даниел Џејмс, Арон Ван-Бисака, Хери Мегвајр, Бруно Фернандеш и Одион Игало, кои ја подобрија формата на „ѓаволите“ и поважно од сè го подобрио тимскиот дух, порачувајќи дека фудбалери со „лични агенди“ не се добредојдени.

„Подобро ’дупка’ во тимот отколку ’ш.пак’. Карактерот на луѓето со кои работиш е многу важно. Работиме како тим во тимска атмосфера. Сакате фудбалерите да имаат малку его, но мораат да се адаптираат. Во март 2019, моите фудбалери беа физички и ментално уморни и имавме повреди. Почнаа со негативни мисли, за разлика од сега. Имаше и други работи кои не ми се допаѓаа лани, некои лични агенди за кои морав да почекам до летото да се решат. Сега, мислам дека во мојата група нема ниту едно расипано јаболко“, вели Солскјер.

Scroll to Top