Во пресерт на дуелот од 18 коло во Премиер лигата против Вотфорд, менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер ги уверувал новинарите дека клубот нема да го продаде во јануарскиот преоден рок Пол Погба.
Погба оваа сезона има одиграно само шест натпревари за Манчестер Јунајтед, последен пат настапил против Арсенал на 30 септември. Тој долго време се рехабилитирал од повредата на зглобот, а во изминатите неколку дена не тренира поради болест.
„Тренира, но долго време не работел со соиграчите. Тој е фанатстичен играч, харизматичен, среќни сме што го имаме. Нема да го продадеме во јануари, тој ќе остане во Јунајтед. Кога ќе се врати ќе игра со насмевка на лицето. Знаеме дека е еден од најдобрите во светот, кога игра добро и кога е посветен. Нема да го форсираме“, рекол Солскјер.