Top Sport

Солскјер: Погба само сакаше да биде фин кон Зидан

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер бил убеден дека Пол Погба е среќен на „Олд Трафорд“.

Оваа изјава на Солскјер е одговор на изјавата на Погба дека „секој фудбалер сонувал да игра за Реал Мадрди“. Потоа тренерот на Реал, Зинедин Зидан, рекол дека би сакал Погба да го има в својот тим.

„Пол е фино и воспитано момче кое за време на репрезентативната пауза одговорило на неколку новинарски прашања поврзани со Зидан. Зидан е икона во Франција, тој е одличен менаџер, а претходно беше фантастичен фудбалер. Пол е среќен овде. Тимот се гради околу него и тука нема никакви промени“, рекол Солскјер во пресрет на натпреварот на неговиот тим со Вулверхемптон.

Scroll to Top